Новиот романски претседател Клаус Јоханис положи заклетва

Букурешт, 21 декември 2014 (МИА) - Новиот романски претседател Клаус Јоханис денеска положи заклетва пред Парламентот, со што официјално стапи на должност.

Јоханис (55), кој во вториот круг на претседателските избори на 16 ноември го победи противкандидатот, актуелниот премиер Виктор Понта, истакна дека ќе биде претседател на сите Романци.

- Романците на изборите 25 години по падот на комунизмот уште еднаш направија да триумфира демократијата, посочи Јоханис.

Тој вети добри односи со САД, со ЕУ и посебно со Германија.

Со инагурацијата на Јоханис заврши 10-годишната власт на претходниот претседател Трајан Басеску.

Јоханис е припадник на германското национално малцинство во Романија и беше градоначалник на Сибиу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...