Избори до крајот на 2015. доколку биде избран претседател

Атина, 21 декември 2014 (МИА) - Грчкиот премиер Андонис Самарас понуди денеска проевропските независни пратеници да влезат во Владата и предвремените општи избори да бидат одржани кон крајот на 2015 година, доколку актуелниот Парламент успее да избере претседател на земјата.

Во ненајавеното ТВ обраќање Самарас истакна дека Грција има обврска да ги заврши преговорите со Европаката унија и Меѓународниот монетарен фонд за ставање крај на спогодбата за финансиска помош следната година. 

Апелирајќи на проевропската независна политика, тој рече дека е подготвен да ја прошири својата коалиција на конзервативци и партии на левиот центар доколку пратениците го поддржат изборот на новиот претседател.

Оваа ненадејна изјава премиерот ја даде два дена во пресрет на новата рунда гласање за претседател, а по разочарувачките резултати за Владата во првиот круг, одржан на 17 декември, кога доби помала подршка, отколку што очекуваше. 

Доколку 300-те пратеници на Парламентот не го изберат претседателот до третиот круг од гласање на 29 декември, општите избори ќе мора да бидат одржани на почетокот на февруари, што ги доведува во опасност грчките преговори за меѓународната финансиска помош. 

Самарас ги повика пратениците да го слушнат „гласот на националниот интерес и здравиот разум“, да го изберат неговиот кандидат Ставрос Димас и со тоа да овозможат завршување на финансиските преговори.

 

- Тогаш заштитени и економки и политички, можеме да пронајдеме соодветна временска рамка за национални избори, дури и кон крајот на 2015., изјави тој. 

Василил Економу од редовите на проевропските независни пратеници ја поздрави понудата на Самарас и ги повика другите независни пратеници да ја поддржат Владата.

Меѓутоа левичарската партија Сириза, која сака повторно да преговара за финансиската спогодба, веднаш ја отфрли понудата, како и Независни грци, мала десничарска партија, која бара нови избори.

Во вторник се очекува втора рунда гласање во Парламентот, кога на Димас за победа ќе му бидат потребни 200 гласови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...