Аркан беше криминалец, Сребреница е најмрачна точка на српска страна

Сараево, 22 декември 2014 (МИА) - Хашкиот затвореник Воислав Шешељ во интервју за босанската телевизија „Фејс“ во саботата вечер изјави дека Сребреница е главна српска компромитација и дека е важно тоа да се каже бидејќи Сребреница е најмрачната точка на српска страна, објави денеска сараевскиот весник „Дневни аваз“.

- Јас не го оспорувам злосторството во Сребреница, само тврдам дека тоа не е геноцид. Имаше три логори во Приедор, каде луѓе се убивани, малтретирани и пљачкани. Тоа беа и цивили. Јас не ги оспорувам злосторствата во Приедор, јас не ги оспорувам злосторствата во Сребреница, не сакам да оспорам ниту едно злосторство, изјави Шешељ.

Шешељ на прашањето за воената улога на актуелниот претседател на Србија Томислав Николиќ и премиер Александар Вучиќ, директно одговори дека ако он е воен злосторник, тогаш тоа се и Николиќ и Вучиќ.

Според Шешељ, актуелниот премиер Александар Вучиќ давал многу поекстремни изјави од него.

Во интервју емитувано во дневникот на телевизијата „Фејс“ Шешељ го издвои Жељко Ражнатовиќ Аркан. - Не ги штедев злосторниците на српска страна. Аркан беше криминалец под покровителство на државната безбедносна служба. Во Зворник во 1992 година пристигна со полициско возило на сојузното МВР и ротациски светла, заедно со 39 негови луѓе. По налог на Биљана Плавшиќ, локалните власти во Зворник му дадоа 350.000 марки да војува, нагласи Шешељ.

На прашањето зошто хрватските политичари бурно реагираа на неговото ослободување од Хаг, додека босанските не, Шешељ одговори: - Босанските политичари се поинтелигентни. Хрватите се однесуваа како сомови фатени на мамка. Сараево ме познава. На сараевските гангстери никој не е рамен, ниту во Белград, ниту во Загреб, ниту во Југославија. Никој не се фати на  моите изјави во Сараево. Јас би сакал тоа да се случеше. Сараево е мој роден град. Некој таму ќе ме дочека радосно, а некој со омраза. Во Белград многу ме дочекаа со омраза, изјави Шешељ.

На тврдењата дека е етнички Хрват, Шешељ одговори дека има многу Хрвати, што тврдат дека е Хрват, дека Хрватите жалат што он не е вистински Хрват и дека би сакале он да е Хрват. - Тешка рана за мене е што моите три кумови Николиќ, Вучиќ и Драшковиќ, се предавници на српскиот народ, истакна Шешељ.

Шешељ на прашањето дали доброволно ќе се врати во Хаг одговори дека нема, додавајќи дека ако Николиќ и Вучиќ го уапсат, како негови директни соучесници во воени злосторства, нема многу што он може да направи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...