Папандреу не ја исклучува можноста за соработка со СИРИЗА

Атина, 20 јануари 2015 (МИА) - Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу изјави вчера дека неговата новоформирана партија е отворена за соработка со СИРИЗА, доколку оваа левичарска партија се согласи, по парламентарните избори в недела, да биде одржан референдум за реформите. 

Папандреу, кој беше премиер меѓу 2009 и 2011 година, е третата генерација на најугледната политичка династија во Грција, а сега се подготвува за враќање на политичката сцена, откако пред три години ги раскина врските со ПАСОК (Панхеленското социјалистичко движење), кој пред четири децении го основаше неговиот татко. 

Се проценува дека неговата нова партија, Движењето на демократските социјалисти ќе повлече гласови од левичарите на изборите на 25 јануари и ќе учествува во постиизборниот процес, доколку го мине прагот од три отсто, потребен за влез во Парламентот.

Анкетите покажуваат дека партијата на Папандреу е под цензусот, но тој е уверен дека ќе влезе во Парламентот. 

Папандреу ја отфрли можноста за алијанса со владејачката Нова демократија, наведувајќи дека премиерот Андонис Самара, инаку негов поранешен цимер на бостонскиот колеџ на почетокот на ’70-те години не успеал да ги спроведе реформите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...