БиХ на удар на терористите

Мостар, 20 јануари 2015 (МИА) -  Министерот за цивилни работи на Босна и Херцеговина и повеќегодишен висок функционер во некогашната југословенска разузнавачка служба, Средоје Новиќ изјави во интервју за весникот „Пресс РС“ дека БиХ е под закана од терористички напади, додавајќи дека во политичките структури на таа земја се наоѓаат лица, кои го поттикнуваат тероризмот. 

- Во политичките структури на БиХ се позиционираа еден добар број луѓе, кои не само што го поддржуваат, туку се и директно вклучени во структурите на потенцијалните терористи, истакна Новиќ. 

Тој појасни дека разузнавачката служба на БиХ пред пет години располагала со информации дека дел од екстремистите настојуваат да се вклучат во структурите на политичките партии и институциите на власт, но тврди дека тие ништо не презеле. 

- Тие својата цел ја остварија, а властите речиси и не мрднаа со прст за да го спречат тоа, додаде Новиќ, наведуваќи дека раководните лица од безбедносните служби стравуваат од екстремистите блиски до режимите и државите од кои се финансираат терористите.

- Бројните предупредувања, како што беше неколку пати повторуваната изјава на директорот на Разузнавачката безбедносна агенција Алмир Џуве дека во БиХ постојат три илјади потенцијални терористи, укажува на тоа дека БиХ е буре барут кога е прашање тероризмот. Во БиХ, ваква каква што е сега, едноставно не е можно да се надгледуваат толкав број потецијални терористи и стравувам дека БиХ мошне брзо ќе се соочи со мошне сериозни проблеми, нагласи Новиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...