Со Ципрас ќе им биде подобро

Атина, 23 јануари 2015 (МИА) – Сириза најверојатно ќе победи на изборите в недела, со што нејзиниот лидер Алексис Ципрас би станал првиот левичарски премиер во историјата на Грција.

Популарноста на Ципрас не се должи толку многу на неговата програма и сето она што го ветува, колку што е голем гневот на Грците кон сегашниот премиер Андонис Самарас кого го обвинуваат за ситуацијата во која сега се наоѓа земјата, односно во услови на штедење, масовни отпуштања, празни пензиски и социјални фондови, исцедена економија и слаби изгледи за излез од кризата.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Грците на овие избори, всушност, нема толку да гласаат за Ципрас, колку што ќе гласаат против Самарас.

Она што најмногу ја засегна Нова демократија е тоа што изгуби многу од гласачите кои традиционално гласаат за конзервативците. Покрај вообичаените забелешки, многумина од нив имаат повеќе недвижности за кои владата на Самарас во рамките на програмата за штедење воведе даноци, кои го оптоваруваат домашниот буџет на Грците.

Некои од гласачите, пак, велат дека ќе гласаат за Сириза само затоа што се „љубопитни да видат што ќе се случи“ и затоа што им е доста од грчките политички династии кои владеат со земјата се децении.

- Полошо од ова не може да биде, па зошто да не му дадеме шанса на Ципрас, да видиме што ќе направи, велат неколку жители на Атина во анкета за МИА.

Лидерот на Сириза во предизборната кампања бара граѓаните да му дадат силна поддршка за да може да формира мнозинска влада, за што шансите се многу мали. Тој ветува дека ќе стави крај на мерките за штедење кои траат шест години и кои ги наложија меѓународните кредитори во замена за финансиската помош од повеќе милијарди долари. Длабоката рецесија доведе една третина од населението до или под прагот на сиромаштијата, а 26 проценти од Грците се невработени.

Едно од ветувањата на Ципрас е и дека ќе издејствува намалување, па дури и отпишување на грчкиот долг, што е речиси невозможно да се случи. Грчкиот долг изнесува 320 милијарди евра или 174 отсто од БДП, но Атина моментално има релативно мали рати, затоа што рокот за отплата веќе е поместен на после 2050 година. Аналитичарите коментираат дека тоа негово ветување се граничи со „научна фантастика“, но исто така додаваат дека ако дојде до еднострано до отпишување на долгот, тогаш Грција би го загубила пристапот до пазарите што би предизвикало големи негативни последици по земјата. Категоричен против отпишувањето на долгот е и германскиот министер за финансии Волфанг Шојбле кој ги предупреди грчките политичари да не ветуваат повеќе отколку што можат да исполнат. Проблемот е што грчкиот долг се наоѓа во рацете на држави и евентуалното намалување би ги оштетило европските даночни обврзници.

Пред грчките избирачи е огромна одговорност да ја одредат иднината на земјата. Дилемата е дали да се продолжи со мачните реформите кои ги наложи тројката меѓународни кредитори и политиката на штедење или радикален пресврт со Сириза и Ципрас кој ја отфрла политиката на штедење и бара редефинирање на сите договори за кредити. Иако Ципрас ги уверува избирачите дека нема намера Грција да излезе од еврозоната, сепак Брисел и Берлин се загрижени од неговиот став дека „Европа мора да се менува“.

„Свесни за реалноста во Грција, Брисел и Берлин помирувачки испраќаат абер дека Грците ќе одлучат кој ќе владее со нивната земја, и оти секоја влада ќе го одреди својот кредибилитет со почитување на обврските кон партнерите. Делува и помирливо и заканувачки, но праксата покажува дека заканите, барем до сега, не давале адекватни резултати“, коментираат познавачите на состојбите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...