Биографија на Алексис Ципрас

Атина, 26 јануари 2015 (МИА) - Лидерот на Сириза Алексис Ципрас е роден во Атина во 1974 година, студирал градежништво на Националниот технички универзитет во Атина, а завршил и постдипломски студии по урбано и регионално планирање.

Тој, исто така, работел како градежен инженер во градежната индустрија.

Како средношколец тој и се приклучил на младинската организација на комунистичката партија КНЕ, додека за време на универзитетските студии тој станал дел од обновеното лево крило на движењето, пренесува дописникот на МИА од Атина.

Во 1999 година, тој е избран за секретар на младинска организација на Синаспизмос, позиција на која остана до 2003 година.

Во 2004 година беше избран за член на Централниот политички комитет на партијата, а со тоа и на Политичкиот секретаријат, каде бил одговорен за образование и млади.

Две години подоцна, во октомври 2006 година, Ципрас е избран за советник во општината на градот Атина,откако освои 10,51 отсто од гласовите. Во февруари 2008 година беше избран за лидер на партијата Синаспизмос (Коалиција на левицата, движењата и екологија). Во октомври 2009 година е избран за пратеник во Парламентот под Сириза (Синаспизмос и другите партии на левите организации) и го презеде водството на парламентарната група на партијата.

Во декември 2010 година, лидерот на Сириза беше избран за заменик-претседател на Европската Партијата на левицата, која во декември 2013 година го номинираше за кандидат за претседател на Европската комисија.

Ципрас живее со партнерка и е татко на две деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...