Дајселблум: Нема расположение во Еврогрупата за простување на грчкиот долг

Брисел, 26 јануари 2015 (МИА) - Министрите за финансии на земјите-членки на Еврозоната, попладнево одржуваат вонреден состанок на Еврогрупата во Брисел, каде главна тема е исходот на парламентарните избори и доаѓањето на власт на крајно левичарската партија СИРИЗА, во коалиција со крајно-десничарката “Независни Грци”, чија единствена допирна точка е барање за отпишување на долгот на Грција.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ставот на претседателот на Еврогрупата, Жером Дајселблум, изразен пред почетокот на денешниот состанок е јасен, а тоа е дека во рамки на земјите кои го користат еврото како официјална валута, нема расположение за целосен отпис на грчкиот долг, кој досега изнесува околу 400 милијарди евра.

Честитајќи и на Сириза за чистата победа, Дајселблум и посака многу успех во новата улога во Атина, додавајќи дека Еврогрупата е подготвена да работи со нив, исто како што работеле и со претходната грчка Влада.
 
- Се надевам дека наскоро ќе започнеме разговори со нив за идната соработка и сме отворени се дискусија и очекуваме да работиме со нив. Веќе сторивме многу за кревање на притисокот на долгот, односно на границата на долгот, со редуцирање на каматите на подолг период за Грците да можат да ги отплаќаат кредитите. Тоа значи дека нема голема итност на тоа поле. А, кога станува збор за отпишување на долгот, мислам дека нема голема поддршка за такво нешто во Еврозоната. За се друго ќе разговараме со новата грчка Влада, откако ќе стапи на сила - дециден е челникот на Еврогрупата.
 
Според Дајселблум, веќе е направено многу за да се олесни теретот на долгот за Грција во последните години во однос на каматите, зрелоста и должината на кредитите. Тој посочи дека Еврогрупата секогаш кажува дека е подготвена да продолжиме да работиме со Грција, доколку оваа земја е посветена на тоа што е договорено и  да се посвети на одржливоста на долгот.
 
Челникот на Еврогрупата посочи дека засега е рано е да се каже било-што, но дека на прашањето за одржливост на грчкиот долг ќе се навратат по завршувањето на петтиот преглед кој се уште се одвива.
 
- Едно од првите прашања што ќе ги разговараме со нив ќе биде продолжување на исплатата, со оглед на тоа што сегашната програма е до крајот на февруари, па зависно кога ќе се формира новата Влада. На денешниот состанок на Еврогрупата ќе дискутираме за оваа можност, но истото ќе го сториме и со новата грчка Влада. Мора да има барање од нив. Очекувам од новата Влада да работи со нас во засилувањето на грчката економија, што е круцијално и целосно разбираме дека е направено многу досега и сме подготвени да ги поддржиме. Членството во Еврозоната значи и да се придржувате кон она што сите сме го договориле и врз основа на тоа, ние сме подготвени да работиме со новата Влада на Грција - додава Жером Дајселблум.
 
За тоа каде гледа можност за компромис со новата анти-мерките-за-штедење Влада на Грција, претседателот на Еврогрупата со одговор дека заедничка цел е секогаш да се зајакне грчката економија во рамки на Еврозоната и дека тој се надевам дека е тоа е и грчка амбиција. Работата во рамки на Еврозоната, според Дајселблум, значи дека и Грците треба да се во согласност со правилата и договорите што се направени во Еврозоната и во однос на тоа, тие ќе бидат поддржувани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...