Алексис Ципрас положи заклетва како нов премиер на Грција

Атина, 26 јануари 2015 (МИА) - Лидерот на Сириза Алексис Ципрас денеска положи заклетва како нов премиер на Грција, неколку часа откако беше објавено дека ќе биде формирана коалициска влада со десничарската партија Независни Грци.

Ципрас се заколна дека ќе го почитува Уставот и законите на земјата и оти ќе им служи на интересите на грчкиот народ, јави дописникот на МИА од Атина.

Церемонијата се одржа во претседателската палата во Атина во присуство на шефот на државата Каролос Папуљас, кој раководеше со положувањето на заклетвата.

Ципрас е атеист, па денешната церемонија беше отстапка од традицијата според која премиерот обично се колне пред поглаварот на Грчката православна црква.

По положувањето на заклетвата претседателот и премиерот потпишаа документ за процедурата и уште еден документ со кој Ципрас доби мандат за формирање влада.

Потоа Ципрас замина за атинскиот кварт Кесариани, каде пропратен со аплауз на граѓани положи цвеќе пред споменикот на 200 грчки комунисти, кои биле стрелани од страна на германските фашисти во 1944 година Споменикот е симбол на националниот отпор на Грција пред нацистите во годините на Втората светска војна.

Ципрас попладнево ќе замине и во официјалната резиденција на премиерот, каде што ќе се одржи формална церемонија за предавање на функцијата од досегашниот премиер и лидер на второпласираната Нова демократија Андонис Самарас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...