Албанската опозиција протестира против високите акцизи на горивата

Тирана, 26 јануари 2015 (МИА) - Албански возачи, што ја поддржуваат опозициската Демократска партија, денеска блокираа улици и патишта во неколку градови во земјата во знак на протест против акцизите кои според нив ги одржуваат високите цени на горивата. 

Демонстрантите сметаат дека падот на цените на горивата во светот треба да се одрази и на локалните цени, со што ќе се намалат трошоците на Албанците и ќе помогнат за придвижување на економијата во земјата, која е една од најсиромашните во Европа. 

Приклучувајќи се на седумминутната блокада на две улици во Тирана, лидерот на демократите Љуљзим Баша изјави дека акцизите врз горивата во Албанија се двојно поголеми во однос на другите земји во Европа. 

- Акцизите се одразуваат директно на лебот на албанските деца и на цената на јавниот и приватен транспорт и ги поткопуваат напорите за излез на земјата од кризата, изјави Баша. 

Демократската партија предложи акциза од пет леки на литар гориво во 2011 година и ја зголеми за уште 7 леки во 2013 година. Откако Социјалистичката партија дојде на власт во 2013 година ја зголеми акцизата за уште двапати по 10 леки во 2014 и 2015 година. 

Раководителот на парламентарната комисија за економија Ерион Браце, изјави дека цените во Албанија не се највисоките во Европа и фактички се меѓу најниските на Балканот, но призна дека пазарот не функционира слободно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...