Ципрас најверојатно денеска ќе формира влада

Атина, 27 јануари 2015 (МИА) - Формирањето влада е првиот приоритет на новиот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј состав најверојатно ќе биде соопштен денеска попладне, јави дописникот на МИА од Атина.

Извори од неговата Коалиција на радикалната левица (Сириза) соопштија дека, во секој случај, новата влада ќе биде формирана најдоцна до утре.

Ципрас нема намера да вклучи членови на Потами во неговиот кабинет, ниту ќе бара нешто од другите партии. Истите извори велат дека владата ќе ги презентира своите ставови и законите кои вети дека ќе ги донесе и ќе ги остави другите партии „да сносат одговорност“ за своите постапки.

Новата влада на Ципрас најверојатно ќе има четири нови министерства во кои ќе се спојат неколку кабинети, а две министерства ќе бидат преименувани.

Во новото Министерство за внатрешни работи и административни реформи ќе се спојат Министерството за внатрешни работи, за административна реформа и е-влада, за јавен ред и граѓанска заштита, како и досегашното Министерство за Македонија и Тракија.

Новото Министерство за економија, инфраструктура, трговска морнарица и туризам ќе ги обедини министерствата за развој и конкурентност, за трговска морнарица и Егејот, за туризам и за инфраструктура, транспорт и врски.

Во новото Министерство за реформи во производството, животна средина и енергетика, ќе се спојат министерствата за животна средина, енергетика и климатски промени, за земјоделски реформи и за храна и одделите на Генералниот секретаријат за индустрија, за развој и Министерството за конкурентност.

Владата, исто така, ќе формира Министерството за култура, образование и верски прашања, кое ќе ги извршува обврските на министерствата за култура и спорт, како и за образование и верски прашања.

Министерството за здравство, ќе биде преименувано во Министерство за здравство и социјална заштита, а Министерството за труд, социјална сигурност и социјална заштита ќе биде преименувано во Министерство за труд и социјална солидарност. Генералниот секретаријат за социјално осигурување ќе биде префрлен од Министерството за труд и социјална солидарност во Министерството за здравство и социјална заштита.

Партиските извори од Сириза исто така увериле дека сите органи, работни места и вработените од министерствата што ќе се спојат, ќе бидат префрлени во новите министерства.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...