Нови апсења на турски полицајци обвинети за незаконски прислушувања

Анкара, 27 јануари 2015 (МИА) - Турските власти издадоа наредба за апсење на 26 полицајци во рамки на операцијата против т.н. „паралелна структура“.

Обвинителството во Измир побарало спроведување на операција поради обвинение за незаконски прислушувања извршени од „паралелната структура“, како што турската Влада ја нарекува наводната мрежа од приврзаници на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, вработени во државните структури, како на пример полицијата и судот.

Акцијата била спроведена во 11 градови во округот Измир. Според турските медиуми, биле уапсени 12 полициски службеници од вкупно 26, за кои е издадена наредба за притворање.

Весникот „Хуриет“ пишува дека полициската операција била најавена уште синоќа на социјалната мрежа Твитер од „Фуат Авни“, кој во последните месеци стана претпознатлив по неговите точни предвидувања за претстојни полициски операции.

- Изутрина ќе има операција во Измир, предупреди синоќа на својот профил непознатиот корисник на социјалната мрежа, за кого постои сомнеж дека може да е човек од внатрешните кругови на Владата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...