Ердоган не сфаќа

Зошто за САД Кобане е поважен од Алепо

Анкара, 27 јануари 2015 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека не сфаќа зошто САД му придаваат толку големо значење на сирискиот град Кобане, а на пример не се занимаваат со ситуацијата во Алепо.

- Во Кобане нема локално население, 200 илјади лица дојдоа кај нас, таму има само борци. Ние му кажавме на Обама таму да не фрла пакети со оружје. За жал три авиони Ц-130 го фрлија тоа што требаше. Половина од товарот падна во рацете на Исламска држава. И кој сега ги снабдува борците?, праша Ердоган.

На ист начин според него во рацете на исламистите претходно дошло и оружјето во Ирак.

Ердоган истакна дека целта на турската политика за Сирија е соборување на претседателот Башар ал Асад и неговата влада.

- Нашата политика во Сирија е позната и ние не планираме да си играме со неа на ниту еден начин. Нашата цел е режимот на претседателот Башар Ал Асад. Со Асад ситуацијата не може да биде решена, рече Ердоган. 

Според него има три работи, кои треба да бидат направени и за кои тој разговарал со претседателот на САД, Барак Обама. 

Тоа е воведување на зона забранета за летови, воспоставување на зона за безбедност и обука и финансирање на локалната опозиција. - Со последната работа се занимаваат САД, но со другите две работи не се занимаваат, додаде Ердоган. 

Тој истакна дека соборувањето на Асад не е на листата на цели на САД, но доколку тоа не се стори ситуацијата нема да биде решена. 

- Може да се повтори тоа што се случи во Ирак А ние не сакаме такво повторување. Се формира северен Ирак, а ние не сакаме и северна Сирија. За нас тоа е неприфатливо, рече Ердоган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...