Турско-сириската граница во реонот на Кобане се уште затворена за сириските бегалци

Анкара, 28 јануари 2015 (МИА) - Турско-сириската граница во реонот на  сирискиот град Кобане е се уште целосно затворена, два дена по прогласената победа на сириските курдски сили врз џихадистите.

- Ние не дозволуваме влез на ниту еден бегалец до нова наредба, истакна одговорен претставник на турската Дирекција за управа при катастрофи и вонредни состојби, кој побара анонимност.

Турските власти распоредија голем број претставници на жандармеријата и војници околу граничниот пункт на неколку километри од Суруч, Југоисточна Турција, за да спречат секакви обиди за преминување на границата.

Вчера турската полиција употреби солзавец за да ги запре луѓето, кои се обидуваа да ја преминат турско-сириската граница и да влезат во сирискиот курдски град Кобане, откако курдските сили ги потиснаа борците од Исламска држава, кои го држеа градот под опсада четири месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...