„Трепча“ не се брани со насилство и уништување на Приштина

Приштина, 28 јануари 2015 (МИА) - Косовскиот премиер Иса Мустафа по повод вчерашните бурни протести во Приштина изјави дека „Трепча“ не се брани со насилство и дека комбинатот не може да го штитат луѓе што ја уништуваат Приштина, јави Танјуг, повикувајќи се на приштинските медиуми.

- Нападот врз полицијата е напад врз државата и институциите. Трепча не се брани со насилства. Трепча не може да ја бранат тие, што ја уништуваат Приштина, изјави денеска Мустафа на седница на косовската Влада. 

Премиерот изјави дека протестот бил целосно политички, и нагласи дека партиите, кои учествувале во него се обидуваат со насилство да дојдат до власт. 

Мустафа изрази сочувство на повредените за време на судирите и ја поздрави полицијата за напорите за заштита на јавната сопственост. 

Министерот за внатрешни работи Скендер Хисени изјави дека организаторите не побарале дозвола за одржување на протест. Тој нагласи дека безбедносните сили покажале професионалност во судирите со демонстрантите, кои употребиле опасни предмети како камења и молотови коктели. Според податоците на министерството за внатрешни работи во судирите во Приштина вчера биле повредени 92 полицајци, двајца од кои се во тешка здравствена состојба. 

Вчерашните протести организирани од опозицијата, беа најголем антивладен протест од независноста на Косово во 2008 година. Демонстрантите бараа остаквка на Министерот за враќање на бегалци и малцински заедници Александар Јаблановиќ, кој ги навреди косовските Албанци, нарекувајќи ги „дивјаци“, како и за одржување на металуршкиот комбинат Трепча. 

Повеќечасовниот протест премина во отворен судир на демонстрантите и полицијата. Според Клиничкиот центар во Приштина во судирите биле повредени 170 лица, од кои 107 полицајци, 53 демонстранти и 10 цивили, кои не учествувале во протестите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...