Масовно апсење на педофили во Србија

Белград, 29 јануари 2015 (МИА) - Српската полиција уапси четири лица поради поседување детска порнографија, а петтиот осомничен успеал да избега, објави денеска белградскиот весник „Блиц“.

Вчерашната операција е дел од акцијата „Армагедон“, спроведена во цела Србија.

Кај лицата, осомничени за педофилија се пронајдени застрашувачки порно снимки, на кои се злоупотребуваат деца.

Лицето Б.Б, кое успеало да избега имало лажен профил на Фејсбук, преку кој мамел малолетни девојчиња и барал од нив да се снимаат и да се фотографираат без облека, а потоа им се заканувал дека сликите ќе ги објави на интернет. Полицијата претпоставува дека Б.Б побегнал во Косовска Митровица.

Од петмината мажи, кај кои се пронајдени голем број порнографски снимки, на кои е забележано сексуално злоупотребување на деца и малолетници, Б.Б., кој е поранешен новинар на Танјуг, и С.Ч, и претходно се судени за педофилија.  

Б.Б. поради истото кривично дело во 2012 година е осуден на три години затвор, но казната не ја отслужил, бидејќи го малтретирале другите затвореници, кои дури му ставале шипка во аналниот отвор.

С.Ч. бил осуден поради истото дело на условна казна. Тој на 14-годишна возраст во Германија е осуден и за убиство.

На пронајдениот порнографски материјал има грозоморни снимки на злоупотребување на деца, а најмалото девојче на нив има пет или шест години. Полицијата утврдува дали децата се злоупотребувани во Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...