ЕУ треба да ја зајакне контролата на границите

Анкара, 29 јануари 2015 (МИА) - Европската унија треба да ја зајакне контролата на границите, со цел да се спречи патување на странски џихадисти за Сирија преку Турција, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. 

- Сите се согласни дека е неопходна соработка на разузнавачките служби и соодветно подобра соработка во борбата против странските џихадисти. Во тој поглед соработуваме добро со САД и некои земји членки на ЕУ. Со голем број земји сепак имаме само рутинска соработка во таа област, изјави вчера Чавушоглу. 

Како што објави турскиот весник „Хуриет дејли њуз“, Чавушоглу нагласи дека на средбата на меѓународната коалиција против радикалната група Исламска држава, одржана на 22 јануари во Лондон го изнел ставот дека има недоволно ефикасна соработка со голем број земји во борбата против странските џихадисти, како и дека недостига стратегија за спречување на патувањата на џихадисти од Европа за Сирија.

Турскиот министер за надворешни работи изјави дека едноставно соработката на разузнавачките служби не е доволна, додавајќи дека има случаи кога странски борци кои се депортирани од Турција потоа повторно се јавуваат на турска граница. 

Чавушоглу, истовремено, упати отворена критика кон голем број земји дека не преземаат одговорност за кризата во Сирија.

- За жал голем број земји не преземаат одговорност, ниту во борбата против тероризмот, ниту за постигнување на политичко решение за Сирија, нагласи турскиот министер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...