Албански пилот управувал со хеликиптерот полн со хашиш

Тирана, 29 јануари 2015 (МИА) - Со хеликоптерот преполн со хашиш кој е соборен вчера на југот на Шпанија управувал албанскиот пилот Сокол Фека, соопштено е во Тирана.

Министерството за одбрана соопшти дека ја добил информацијата од албанското МНР за тоа што се случило во Шпанија.

Во соопштението на албанското Министерство за одбрана се наведува дека Фека е во служба на албанската војска веќе 18 години и дека во 2009 се стекнал со чин мајор.

Хеликоптерот вчера во јужната шпанска провинција Малага, во близина на градот Кортес де ла Фронтера, го соборија припадници на шпанската полиција, сомневајќи се дека превезува дрога.

- Се уште се обидуваме да утврдиме колку хашиш имало во хеликоптерот, рече вчера портпаролот на шпанската полиција, но локалниот весник „Малага ој“ објави дека хеликоптерот превезувал меѓу 800 и 900 килограми дрога и оти бил обоен во црно, за да биде што помалку видлив ноќе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...