Пусиќ: Хрватска ќе инсистира Србија да ги исполни критериумите

Загреб, 29 јануари 2015 (МИА) - Хрватска ќе инсистира Србија да ги исполни сите критериуми на патот до Европската унија, изјави денеска потпретседателката на хрватската Влада и министерка за надворешни работи Весна Пусиќ.

- Критериумите се обемни, што ние знаеме и од нашето искуство и на нив треба многу да се работи, рече таа, коментирајќи го тоа што хрватските европарламентарци, посебно оние од клубот на Европските народни партии, во Европскиот парламент поднесоа серија амандмани на извештајот за напредокот на Србија.

На прашањето на новинарите дали се поднесени амандмани и за ставот на хрватската Влада, Пусиќ одговори дека европратениците се директно бирани и немаат никаква обврска во ЕП да ја претставуваат политиката на  хрватската Влада.

- Владата учествува во процесот на преговори како држава членка и нема да користи ништо надвор од тоа што се критериуми за напредување во процесот, рече Пусиќ, нагласувајќи дека Хрватска билатералните проблеми со Србија ќе ги решава билатерално.

Хрватските европратеници поднесоа 12 амандмани на нацрт извештајот на ЕП за напредокот на Србија, вклучувајќи го и предлогот Белград да го измени законот за надлежноста за судење за воени злосторства во поранешна Југославија и барајќи тоа да биде услов за отворање на поглавјето 23 во пристапните преговори.

Министерката Пусиќ, меѓутоа, директно не одговори на прашањето на новинарите дали ќе има блокада на поглавјето 23.

- Барањата се јасни и тука нема многу простор за расправа. Кога Србија ќе ги исполни критериумите ќе напредува, додека не ги исполни треба да поработи на нив, рече таа, пренесе Хина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...