Претседателството на БиХ ја усвои изјавата за европскиот пат

Сараево, 29 јануари 2015 (МИА) - Членовите на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ, Драган Човиќ и Бакир Изетбеговиќ денеска потпишаа заедничка изјава за европската определеност и неопходните реформи на БиХ на патот кон ЕУ, јави Танјуг.

Во изјавата се наведува дека членството во ЕУ е стратешка цел на БиХ и се поздравува обновениот пристап на ЕУ кон БиХ, во согласност со заклучоците на Советот за надворешни работи на ЕУ од 15 декември минатата година.

Потписниците се обврзуваат дека институциите на власт во БиХ ќе ги спроведат сите реформи неопходни за да се воспостави институционална функционалност на сите нивоа на власта и да се овозможи БиХ да се подготви за идно членство во ЕУ како суверена држава.

Ќе биде спроведена програма за иницијални реформски мерки, економско-социјални, за изградба на функционални пазарни економии, јакнење на владеењето на правото, за забрзување на процесот на помирување, унапредување на функционалноста на институциите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...