Турската Влада бара

ПКК да го остави оружјето за да се даде нов поттик на мировниот процес

Анкара, 29 јануари 2015 (МИА) - Турската Влада од бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) бара да го остават оружјето за да се даде нов поттик на мировниот процес, што почна пред две години, пренесоа француските медиуми.

-На следната Невруз (курдска Нова година, што се слави на 21 март) треба да има нов повик за предавање на оружјето и за целосно запирање на активностите против Турција, изјави турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган во интервју за телевизијата „А Хабер“ .

„Треба да има повик што ќе дозволи почнување на нова фаза од разоружувањето“, подвлече Акдоган.

Тој посочи дека за процесот повторно да се придвижи нанапред потребна е нова јасна порака.

Властите во Анкара во текот на есента 2012 година почнаа преговори со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој се наоѓа на издржување доживотна затворска казна на островот Имрала, за да се обидат да го решат курдскиот конфликт, што од 1984 година до сега го однесе животот на приближно 40.000 лица.

Во пораката што беше прочитана на 21 март 2013 година, Оџалан го прогласи примирјето, кое од тогаш генерално се почитува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...