„Италинтермедиа Глобалист“:

ИД сака да создаде „Балканистан“

Рим, 30 јануари 2015 (МИА) - Безбедносни експерти предупредуваат дека џихадистичката група Исламска држава „го зела на нишан“ Балканот, со идеја да создаде „исламски калифат“ во регионот, наречен „Балканистан“, тврди италијанскиот електронски весник „Италинтермедиа Глобалист“.

Професорот на Белградскиот универзитет и експерт за антитероризам Милан Мијалковски предупредува дека џихадистите се закана што се надвиснува над Балканот.

Според него, позитивен чекор претставуваат мерките на земјите од регионот со кои се предвидуваат строги казни за оние што ќе заминат да се борат на страна на џихадистите во Сирија и Ирак.

- Тие мерки треба да се применат ефикасно, ако се им предвид дека стотици жители на балканските земји, но и од други регион, се борат во редовите на џихадистите, наведува Мијалковски, додавајќи дека државите на Балканот се плодна почва за регрутирање на џихадистички борци.

Според италијанскиот весник, друг проблем се „заспаните ќелии“ на џихадистите, кои ги има насекаде низ Стариот континент и кои во секој момент се подготвени за акција штом добијат наредба од своите претпоставени.

За многумина од екстремистите, кои се враќаат во Европа по учеството во активните борби на страна на џихадистите, единствена цел е да вршат напади. А Балканот, како што покажуваат фактите, се наметнува како буре барут во кое исламскиот екстремизам се шири со голема леснотија, наведува „Италинтермедиа Глобалист“.

Меѓу балканските земји од каде најмногу се регрутираат џихадисти се Босна и Херцеговина и Косово, во кои доминира муслиманското население, потенцира електронското издание.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...