Разбиен меѓународен синџир на проституција

Загреб, 30 јануари 2015 (МИА) - Загрепската полиција разби меѓународен синџир на проституција и уапси повеќе лица, кои од јули минатата година ангажирале девојки од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина да работат во хотели во Германија.

Петмина уапсени полицијата товари за злосторничко здружување, а останатите петмина заради проституција, јавува агенцијата Хина.

Злосторничкото здружување, заедно со четворица хрватски државјани, го организирал и водел германски државјанин со привремена адреса во Хрватска, кој го организирал синџирот на проституција.

Кривичните дела се од меѓународен карактер, бидејќи комуникацијата и дејствувањето на уапсените се одвивала преку Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, додека проституцијата е организирана на подрачјето на Германија.

Освен тоа, полицијата утврди дека петмина хрватски државјани од крајот на 2013 година на подрачјето на Хрватска и Германија организирале идентичен начин на проституција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...