Ципрас: Ја добивме битката, но не и војната

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека договорот склучен со министрите за финансии на еврозоната за продолжување на пакетот со помош за Грција за уште четири месеци го поништува ветувањето на претходната конзервативна влада кон меѓународните кредитори за примена на мерките за штедење.

-Ја добивме битката, но не и војната. Проблемите, вистинските проблеми, и натаму се пред нас, истакна грчкиот премиер.

„Вчера преземавме одлучен чекор, зад нас го оставивме штедењето, пакетот помош и тројката кредитори“, изјави Ципрас во обраќањето до јавноста, што го пренесуваше грчката телевизија.

Светските медиуми синоќа известија дека министрите за финансии на еврозоната постигнаа договор пакетот помош за Грција да се продолжи за уште четири месеци, а Грција за возврат се обврза дека ќе продолжи со реформи и со програмата за штедење.

-Грција се обврза дека ќе спроведе широк процес на преструктуирање и на време ќе ги измирува сите обврски кон кредиторите, рече синоќа претседателот на еврозоната Јерун Дајселблум.

Грците во понеделник во Брисел ќе го достават планот за реформи, што, доколку биде позитивно оценет, ќе овозможи до крајот на април да се изврши ревизија на важечката програма и да се направат корекции.

Во пракса, единствената отстапка што Грција ја доби е што досегашниот термин „тројка“, што ги вклучува претставниците на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, сега се заменува со терминот „институции“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...