Европратениците со критики за картата на дијалекти на бугарскиот јазик

Стразбур, 23 февруари 2015 (МИА) - Шпанскиот европратеник Жорди Себастија од групата на Европската слободна алијанса/Зелени постави упати критики на сметка картата на „дијалектите на бугарскиот јазик во и надвор од гранциите на Бугарија“, која, според кого, промовира застарената ултранационалистичка идеологија.



Како што јави дописникот на МИА од Париз, Себастија бара од Европската комисија да каже дали ги контролира проектите што се финасирани од европските фондови, а кои се спротивни на европските принципи

Тој во пратеничкото прашање упатено до Европската комисија нагласува дека „целиот овој проект“ за дијалектите на бугарскиот јазик во и надвор од границите на Бугарија, „има многу малку врска со науката и јасно ја промовира застарената бугарска ултранационалистичка идеологија“.

Европратеникот согледува дека овој документ издаден од Бугарскара акдемија на науките, „де факто го негира постоењето на македонскиот јазик, односно дека сите Македонци кои го зборуваат македонскиот јазик во Бугарија, Македонија, Грција и Албанија, според студијата всушност зборуваат дијалекти на бугарскиот јазик“. И не само ова, според картата „половина од населението на Балканскиот Полуостров, вклучувајќи и области во Романија, Турција и Србија, зборувале бугарски јазик“, наведува Себастија.

Европратеникот ја прашува Европската комисија, со оглед дека проектот беше првенствено финансиран од Европскиот социјален фонд, дали Комисијата и посебно комесарите, Наврачикс, Хан и Мосоквиси се свесни за содржината на овој проект?

Шпанскиот европратеник понатаму ја прашува Комисијата „дали е прифатливо Европскиот социјален фонд и даночните обврзници на ЕУ да финансираат проекти кои промовираат расизам и нетолеранција, а со тоа се прекршуваат основните принципи на ЕУ“.

Себастија на крајот сака да дознае дали Комисијата врши каква било контрола врз содржината на проектите кои таа ги финансира. Ако е тоа така зошто не успеала да идентификува очигледни контарверзи кои ги предизвика оваа карта, смета европартеникот.

Во одговор на прашањето во писмена форма, еврокомесарката Маријан Тијсен, се оградува од содржината на студијата на тимот на бугарските научници.

- Комисијата би сакала да напомене дека таа е надлежна за евалуација и мониторинг на проектите кофинаисирани од Европските структурни фондови, од аспект на нивното финансиско управување, одговорноста за заклучоците развиени во рамките на овие проекти почива во целост на корисниците и особено на авторите на истражувањето, во случајов бугарскиот тим на научници, наведува Тијсен во одговорот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...