Турција: Поранешен полициски шеф притворен во истрагата за убиство на новинар

Анкара, 26 февруари 2015 (МИА) - Поранешниот шеф на разузнавачката служба на турската полиција Рамазан Акјурек е притворен денеска во Анкара, во рамки на истрагата за убиство на новинарот, етнички Ерменец Хрант Динк, во 2007 година, јави денеска турската агенција Анадолија. 

Динк е убиен пред редакцијата на неговиот весник „Агос“ од страна на тинејџер националист, кој е осуден во 2011 година. Во текот на судскиот процес не се расчистени елементите што укажуваат во најмала рака на небрежност на официјалните безбедносни органи, ако не и за повразност со организаторите на убиството. 

Во јуни минатата година турски суд донесе одлука за отворање истрага за намерата во случајот со убиството на Динк. 

Акјурек е дел од стотина турски полициски службеници, кои се сменети од позиција, поради сомнеж дека припаѓале на движењето на исламскиот лидер Фетулах Гулен, кој сега живее во САД. Тоа движење е обвинето за организирање на наводите за корупција во турскиот политички врв.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...