Ердоган: „Паралелната држава“ на проповедникот Ѓулен го злоупотребува турскиот народ

Анкара, 26 февруари 2015 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека „паралелната држава“ на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен го злоупотребува турскиот народ, пренесе агенцијата Анадолија.

Ердоган прецизира дека „паралелната држава“ со години ги злоупотребува чувствата и стравувањата на турскиот народ во Турција и во странство преку неговата мрежа од училишта.

-Тие тоа го прават во Турција и во странство и  потрошиле пари (собрани со помош на мрежата од училишта) за формирање на  лоби групи против нашата земја, рече Ердоган во Анкара.

Тој ја обвини паралелната држава за собирање пари преку програмите за подарувања во Турција и надвор од земјата, а потоа и за префрлање на овие собрани пари на партии и лоби групи, кои се создадени да работат против Турција.

Турската Влада го обвинува движењето „Хизмет“ (Служба) на Ѓулен, кој живее во САД, за организирање заговор за соборување на власта и создавање „паралелна држава“.

Ѓулен во Турција и редица други земји управува со мрежа од верски училишта. Само во САД Ѓулен раководи со 146 училишта во 26 сојузни држави, а повеќето професори во овие училишта се Турци.

Се смета дека во овие училишта годишно се собираат по 150 милиони долари, посочува агенцијата Анадолија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...