Пратенички од 12 земји од ЈИЕ потпишаа декларација за унапредување на соработката

Белград, 3 март 2015 (МИА) - Пратеничките од 12 земји од Југоисточна Европа потпишаа денеска во Собранието на Србија меморандум за соработка, кој има цел унапредување на состојбата на половата рамноправност во тие земји, изјави претседателот на Женската парламентарна мрежа во Собранието на Србија, Марија Обрадовиќ. 

Таа на прес-конференција, по завршувањето на дводневната конференција на пратеничките од ЈИЕ, изјави дека тие се обврзале во следните години да соработуваат на изготвување закони и следење на нивното спроведување, а со цел унапредување на состојбата на родовата рамноправност. 

- Ќе имаме заеднички иницијативи, но и идеи во областа на борбата против насилството врз жените, економското зајакнување на жената и поттикнување на поголемото учество на жената во политиката. Ќе вложиме максимална енергија и труд за да ја унапредиме состојбата на родовата рманоправност во ЈИЕ, изјави Обрадовиќ. 

Во српското Собрание вчера и денеска е одржана конференција на пратенички од ЈИЕ, на тема „Рамноправни и зајакнати - заедно сме посилни“, а во чија работа учествуваа 50 пратенички од 12 држави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...