Албански пратеник обвини дека Илир Мета нарачал негова ликвидација

Тирана, 3 март 2015 (МИА) - Најбогатиот пратеник во албанското Собрание, Том Доши обвини дека претседателот на Парламентот, Илир Мета нарачал убијци за негова ликвидација, јави дописникот на МИА.

Доши, кој е поранешен член на владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама, за албанските медиуми изјави дека ова го пријавил и кај одредени надлежни служби. Според него, ликвидацијата е нарачана поради одредени бизнис интереси.

Во последно време Доши упати остри критики и на адреса на премиерот Рама, поради тоа што, според него, добар дел од министрите се корумпирани и не ги извршуваат своите задачи.

По ваквата изјава, пратеничката група на Социјалистичка партија го исклучи Доши од партијата, а веднаш потоа и Амбасадата на САД во Тирана го поздрави неговото исклучување.

Доши, кој е сопственик на повеќе фирми, според албанските медиуми, е еден од најбогатите државјани на Албанија. Тој има завршено Правен факултет на Државниот универзитет во Тетово.

Според Рама, исклучувањето на Доши е поради тоа што неговите активности биле против одредбите на Статутот на партијата, додека пак според дел од медиумите, премиерот продолжува да ја чисти партијата од оние кои му се спротивставуваат.

Албанската опозиција побара истрага за случајот Доши и оставка на претседателот на Собранието Илир Мета. Претседателот на парламентарната Комисија за безбедност, Спартак Брахо, кој е сопартиец со Мета, исто така побара истрага за обвинувањата.

Според дел од медиумите, за наводната езгекуција на Доши биле нудени половина милион евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...