Над 2.760 странци побарале косовско државјанство

Приштина, 3 март 2015 (МИА) - Статиститката на косовката полиција потврдува дека од 2009 година, па досега, косовско државјанство побарале 2.761 странци, од кои тоа право го оствариле 1.022, додека на 1.739 барања биле отфрлени, јави дописникот на МИА.

Лиридон Незири од Секторот за државјанство, азил и миграција при косовското Министерството за внатрешни работи вели дека давањето државјанство почнало по прогласувањето на независноста на Косово.

- За државјанство на Република Косово почна да се аплицира во 2008 година по прогласувањето на независноста, а во 2009 година беше формиран Секторот за државјанство. Од 2009, па досега, косовско државјанство побараа 2.760, а него го добија 1.022, изјави Незири.

Според него, косовско државјанство може да се добие по три основи: со престој во Република Косово, спојување со семесјтвото и со указ на претседателот на Косово. Според Незири, указот на шефот на државата е посебна категорија и со меѓународните конвенции бидејќи овие лица не исполнуваат ни еден од критериумите кои се бараат, но тоа се прави заради голем државен интерес.

- Што се однесува до разгледувањето на барањата за државјнаство тоа е период од шест месеци, но поради нашата ефиканост тоа се реализира во рок од три месеци, нагласува Незири.

Тој додава дека во првите два месеца од оваа година за косовско државјанство аплицирале 120 лица и оти нивните барање се уште не се разгледани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...