НАТО ја почитува воената неутралност на Србија

Белград, 4 март 2015 (МИА) - Не можеме да го промениме тоа што се случило во  минатото, но сметам дека односите меѓу НАТО и Србија се унапредени и денеска можам да кажам дека работиме заедно и одиме напред, изјави за весникот „Данас“, адмирал Марк Фергусон, командант на Јужното крило на Северноатлантската Алијанса и на американската морнарица за Европа и Африка.

НАТО ја гледа Србија како важна членка на програмата Партнерство за мир, а неодамна оваа земја потпиша нова спогодба што треба да ја унапреди соработката во врска со прашањата од двостран интерес, наведе Фергусон.

- Граѓаните на Србија треба НАТО да го гледаат како партнер кој сака со својата експертиза да помогне во реформата на секторот на одбраната и безбедноста, со целосно почитување на политиката на воена неутралност на Србија, истакна командантот на Јужното крило на НАТО.

Зборувајќи за соработката на НАТО со Белград, Фергусон истакна дека со Србија оваа година се планирани повеќе од 100 заеднички активности и 40 партнерски цели.

На прашањето дали односите меѓу Белград и Москва можат да ја загрозат соработката на НАТО со Србија, тој рече дека Србија има секакво право да го избира својот пат, како и сите нејзини соседи и дека е уверен дека партнерството и соработката на Србија со НАТО, која е темелена на меѓусебна доверба, е важна и за Србија и за цел регион, како и за Алијансата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...