Турски авион ја промаши пистата при слетување во Непал

Катманду, 4 март 2015 (МИА) - Авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ со 238 патници ја промаши денеска пистата при слетување на аеродромот во Катманду и се приземји во блиско поле.

Некои од патниците поминале со полесни повреди.

При слетувањето имало густа магла, а пистата била лизгава по дводневни дождови.

Авионот полетал од Истанбул по седумчасовен лет половина час кружел над Непал пред да се приземји од вториот обид.

Меѓународниот аеродром во Катманду е затворен по овој инцидент.

На социјалните мрежи се објавени фотографии на турскиот авион на кои се гледа дека предниот дел на леталото е оштетен, а локални медиуми наведуваат дека при слетувањето откажале кочниците. 

Патниците наведуваат дека по слетувањето во авионот се појавил чад, поради што луѓето тешко дишеле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...