Во Србија бремена жена почина од свински грип

Белград, 5 март 2015 (МИА) - На инфективната клиника КЦС од грип почина бремена жена (33) од околината на Белград, изјави за „Политика“ директорот на оваа установа др. Мијомир Пелемиш.

- И покрај сите напори на лекарите, за жал поради грип почина жена во петтиот месец од бременоста. На нашата клиника пристигна седмиот ден од болеста и во истиот момент беше приклучена на респиратор. Лабораториски е докажано присуството на Х1Н1, истакна Пелемиш.

Ова е втор смртен случај на грип оваа сезона во Србија, откако пред една недела на Воено-медицинската академија почина 34-годишен маж од Ужице.

Во моментот на Инфективната клиника нема други пациенти со тешки форми на грип, но Пелемиш вели дека претходно имало. 

- Интересно е тоа што оваа година, иако нема епидемија на грип и нема голем број заболени, повеќето од заболените, доаѓаат со тешка клиничка слика. Тоа само докажува дека и натаму во Србија има мал број жители кои се вакцинираат против грип, иако вакцината е една превентивна мерка, истакна тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...