Во Турција се урна воен авион „Тураз Фалкон 2015“, двајцата пилоти загинаа

Анкара, 5 март 2015 (МИА) - Во текот на заедничките воени вежби на турските и азербејџанските военовоздухопловни сили, во близина на Конија се урна турски воен авион „Тураз Фалкон 2015“.

Во несреќата загинале двајцата пилоти во авионот.

Според првичните информации од теренот, леталото се урнало во близина на населбата Караташ.

Гувернерот на Конија, Муамер Ерол, изјави дека еден пилот скокнал од авионот, а дека по вториот се уште се трага.

Турските вооружени сили издадоа соопштение во кое се наведува дека „двајцата млади пилоти погинаа како маченици“, изразувајќи сочувство до семејствата на пилотите, до вооружените сили и до турскиот народ.

Падот на турскиот авион уследи на само три дена откако Грција изрази протест заради тоа што Турција резервира голем дел од воздушниот простор над Егејско Море за воените маневри до крајот на оваа година.

Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Констандинос Кутрас, изјави дека Турција еднострано издала официјално предупредување - НОТАМ, дека за воените потреби од 2 март па се до 31 декември, резервира широк воздушен простор над Егејско Море. Следниот ден Турција го повлече барањето, објаснувајќи дека било испратено по грешка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...