Раст на рејтингот на хрватската опозициска ХДЗ

Загреб, 6 март 2015 (МИА) - Највлијателната опозициска партија во Хрватска, Хрватската демократска заедница (ХДЗ) ја зголеми својата предност пред најголемата партија од владечката коалиција - Социјалдемократската партија (СДП), а најпопуларен политичар во земјата е новоизбраниот претседател Колинда Грабар Китаровиќ, покажува истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Промоција плус“, цитирано од Танјуг.

Според резултатите од анкетата извршена врз репрезентативен поримерок од 1.300 граѓани, ХДЗ ја има поддршката од 31,1 проценти од избирчите, што е за 1,6 процента повеќе во споредба со минатиот месец, додека СДП има поддршка од 24,7 проценти во однос на 24,8 проценти од минатиот месец.

Новина овој месец е и растот на рејтингот на граѓанското здружение „Жив ѕид“, кое за првпат се најде на третото место, зад ХДЗ и СДП.

Новиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ веќе стана најпопуларниот политичар во Хрватска откако минатиот месец стапи на должноста. За неа се изјасниле 28,2 проценти од анкетираните, а
нејзиниот претходник Иво Јосиповиќ има поддршка од 13,5 проценти од анкетираните. На трето место според популарноста меѓу граѓаните е претседателот на Парламентот, Јосип Леко.

Лидерите на ХДЗ и СДП, Томислав Карамарко и Зоран Милановиќ, практично го делат првото место по непопуларност, бидејќи 34,6 проценти од анкетираните Карамарко го сметаат за најнегативен политичар во земјата, а 34,4 проценти истото го сметаат за премиерот Милановиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...