Хрватска станува центар на најмодерни џамии во Европа

Современиот архитектонски проект на Исламскиот центар во Истра во јавноста овие денови остана во сенка на протестот на населението на Валмаде, дел од Пула, кои не го сакаат центарот во соседство. Но, објектот кој срамежливо се појавува и покрај дневните спорови, се истакнува со прогресивен изглед и е еден од ретките примери на модерна лендскејп архитектура во Хрватска. Многу е интересна изведбата на идниот центар во бел бетон и зелен кров кој одразува енергетски пристап на архитектурата.

Истра како инспирација

Авторот на проектот е загрепското студио АДБ, чии архитекти Дарко Влаховиќ и Бранко Вучиновиќ, со вајарот Душан Џамоњ, биле автори и на неодамна изградената џамија и Исламски центар во Риека. Се работи за една од нај атрактивните сакрални градби изградени во Хрватска во изминатите години, а која многумина ја прогласија за една од најубавите џамии во Европа. За актуелниот проект на Исламскиот центар во Пула новинарот од Јутарњи лист разговарал со авторите Дора Влаховиќ и Дарко Влаховиќ, од студиото АДБ. Во семејниот тим на автори архитекти е и Лука Влаховиќ.

Мала парцела

Која им била појдовната идеја за изгледот на центарот во Пула? – Барајќи инспирација за џамија во Пула, најдовме одговори во типичниот истарски пејзаж, во макро мерка на пејзажот, во мерка на градовите кои се сместени на брдата, како и во микро мерка на артефактите, како и од остатоците на римската архитектура. Впрочем и градот Пула е сместен на седум брда – вели Дора Влаховиќ. Поради релативно малата парцела верските содржини џамиите и минарињата, самостојно беа поставени на теренот.

Останатите содржини, управата, просториите, младинскиот клуб, соба за играчница за деца, ресторан, повеќенаменска сала, медијатека, библиотека, читална, одвоените станови за гости и за имамите, се сместени во приземјето. Целиот комплекс на џамијата, како и партерот, обложени се со бел бетон, додека зелениот кров ќе овозможи рационална потрошувачка на енергија. – Пристапниот амфитеатар на Центарот ја презема улогата на простор за дружење, додека видиковецот ќе биде место за мирен одмор и контемплација со поглед на градот и околната природа, а двата простора имаат водени елементи, фонтани – опишува Дора Влаховиќ. Од верските содржини централниот молитвен простор е развиен на два спрата, приземниот дел за мажите и галерискиот махфил за жените. Михработ е конципиран како владбнатина во ѕидот наспроти главниот влез, а традиционално, минаретот е сместено десно од михработ. Молитвениот простор е осветлен и зенитално, низ стаклен процеп кој од надворешна страна има перфорирани бетонски плочи, па на тој начин се создава интересна игра на светло и сенка.

Чипкаста форма на минарето

- На пристапниот плоштад, десно од влезот, поставено е минарето, обликувано повеќе како симбол а помалку како место за практично вршење на верски обреди. Замислено е како чипкаста форма извлечена од терен, од бел челик – вели Дарко Влаховиќ. Едукативниот дел на Центарот содржи четири училници за веронаука, кои се свртени кон надворешната тераса. Библиотеката со читалната се сместени покрај повеќенаменската сала, додека ресторанот на лето ќе користи за влез во амфитеатарот со фонтана. Проектот на Исламскиот центар во Пула ќе има околу 2.000 квадрати.

Моментално во Хрватска, освен за Исламскиот центар во Пула, постојат готови проекти и се планира изградба на уште два исламски центри во Осиек и Сисак. Првата награда за џамијата во Осиек ја доби студиото Проарх, исто така со проект од современа архитектура. Проектот се карактеризира со модернистички пристап на сакрален објект. Висината на минарето со полумесечина на врвот ќе биде 30 метри. Покрај молитвениот простор кој од надвор е со четвртаст изглед, а од внатре сферичен, ќе бидат и останатите простории на Исламскиот центар со една голема и осум мали затворени зелени и отворени површини.

Прва џамија во Гуња

Во Сисак, сепак, проектот на Исламскиот културен центар е дело на архитектот Фарук Музуровиќ и компанијата Форум. Се работи за мултифункционален центар од 2.500 квадратни метри, а кој покрај богослужба ќе има и простор за културни активности. Изградбата се чека веќе неколку години. Првата џамија во Хрватска е изградена во Гуња во 1969 година. Исламскиот центар и џамијата во Загреб се од 1987 година, а изградени се на Боровје кое тогаш било празно пусто место.

Дневни аваз - Сараево



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...