Грчката влада ја користи „руската карта“ за да се пазари со ЕУ

Лондон, 23 март 2015 (МИА) - Грчкиот експерт за руската надворешна политика, на лондонскиот Кингс Колеџ Манос Карагианис изјави дека „новата грчка влада игра со руската карта“ само за да се пазари со ЕУ и за да ја засили својата позиција во сегашните тешки преговори со Западот околу долгот и барањето прво да се почне со реформите, па потоа да се добијат пари.

- На Грција ќе и биде мошне тешко да се дистанцира од ЕУ и од НАТО, вели Карагианис за Би-Би-Си.
 
Овој експерт за меѓународна политика смета дека е „премногу рано“ за да се зборува оти новиот премиер Алексис Ципрас, неговата партија Сириза и сегашната влада, раскинуваат со старата доктрина на поранешниот премиер Константин Караманлис, кој уште во 1976 година порача дека „Грција му припаѓа на Западот“.
 
Карагианис оценува дека Грција е со децении по ред, целосно интегрирана во Западот, но сепак, предупредува дека не би смеело да се потцени ризикот од излегувањето на земјата од еврозоната.
 
Тоа, според овој експерт би можело да ги „потпали“ анти-ЕУ чувствата кај Грците, а една изолирана и слаба Грција би можела да ја загрози стабилноста на поширокиот регион.
 
„Една таква Грција, оставена надвор од зоната на еврото, а можеби и од ЕУ, ќе биде многу поотворена кон Русија и поблиска кон Истокот„-вели Манос Карагианис.
 
Изјавата на овој грчки експерт кој работи во Лондон доаѓа по навестувањата во британските медиуми за „забрзано приближување“ на Атина кон Москва, како се влошуваат грчко-европските односи.
 
Премиерот Ципрас прво соопшти дека ќе присуствува на воената парада во Москва на 9 мај по повод 70 годишнината од победата над нацизмот во Вторатата Светска војна, иако сите западни лидери и ЕУ најавија дека нема да патуваат во Русија поради украинската криза и „руската вмешаност“ во војната во Источна Украина.
 
Подоцна, официјална Атина соопшти дека Ципрас ќе престојува во Русија и на 8 април, на средба со рускиот претседател Владимир Путин, а претставник на грчкото Министерство за надворешни работи тоа го објасни со изјавата  дека „не е забрането, ниту е криминал, а ниту е грев“ една земја да води повеќедимензионална надворешна политика.
 
Со Ципрас во Москва за воената парада ќе патува и министерот за одбрана Панос Каменас, лидер на десничарската партија Независни Грци, познат како голем популист и по своите врски со Русија. Министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, во меѓувреме, јавно побара од Брисел да ги омекнат санкциите кон Русија, кога големите членки на ЕУ од Западот, како и Полска и Балтичките држави бараат заострување за санкциите и нивно продолжување до крајот на годинава.
 
Лондонските медиуми посочуваат дека Каменос побарал „потесни односи со Москва„ а за Ципрас и Коѕиас велат дека како левичари, тие имаат „политичко потекло“ во грчката Комунистичка Партија, која има долги, традиционални врски со Русија, посебно во времето на некогашниот Советски Сојуз.
 
Двете посети на Ципрас на Москва ќе се случат на само два месеци пред истекувањето на крајниот рок за покривање на грчката неликвидност и за сервисирање на нејзнините долгови од „тројката„ (ЕУ,ММФ и ЦЕБ) па се верува дека Грција од Русија ќе бара 2,5 милијарди долари за да покрие „дупката“ што ќе се појави доколку ЕУ истрае на барањето-реформи, па пари. Атинската влада би можела да побара и поевтин руски гас за Грција ,повеќе руски инвестиции и позасилен прилив на руски туристи.
 
Експертот Карагианис потсетува дека Кипар, побара и доби финансиска помош од Русија, за да „земе здив“ во спроведувањето на тврдите реформи, но за возврат потпиша договор со Москва за воена соработка дозволувајќи руски воени бродови да влегуваат во кипарските пристаништа. Двете страни не демантираа дека Русите побарале и користење на некои од кипарските воздухопловни бази за „вонредни слетувања“ на руски воени авиони.
 
Медиумите во Лондон потсетуваат дека токму рускиот амбасадор во Атина бил првиот странец со кого се сретнал Ципрас по изборната победа и на предупредувањето од германскиот весник „Билд“ за тоа од кого повеќе треба да стравуваат Германците-од Грција или од Русија.
 
Карагианис, како и други експерти за надворешна политика сепак,процениваат дека Атина премногу се надева на Русија, потсетувајќи дека досега на неколкупати Москва не се обиде ниту еднаш да помогне, а посебно во 2013 година кога Грција беше пред банкротство и пред финансиски колапс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...