Радикалите ги запалија знамињата на НАТО, САД, ЕУ и Косово

Белград, 24 март 2015 (МИА) - Приврзаниците на Српската Радикална Партија протестираа денеска на годишнината од воената интервенција на НАТО и пред урнатата зграда на Генералштабот ги запалија знамињата на НАТО, Европската унија и Косово.

Лидерот на партијата Воислав Шешељ порача дека радикалите се собрале да го демонстрираат своето „непомирување“ со злосторничката НАТО и земјите кои ја бомбардираа Србија и да го кажат своето „не“ за влезот во Србија во Европската Унија.

Тој ги повика своите приврзаници каде и да видат НАТО војници да ги гаѓаат со јајца, камења и скапани домати.

- Сакавме на симболичен начин да покажеме што мислиме за НАТО, ЕУ и САД, како и за режимот во Србија, рече Шешељ и додаде дека Србија нема да биде дел од Алијансата.

Шешељ рече дека СРС „еден ден сигурно ќе ја ослободи Република Српска Краина“ дека по секоја цена ќе ја сочува Република Српска и ќе создаде услови за нејзино припојување кон Србија и по секоја цена ќе ја врати Црна Гора во единствената српска држава, а Косово ќе го ослободи.

Неговиот заменик Немања Шаровиќ порача дека единствен излез за Србија е „радикална промена на политиката и свртување кон Русија“ и дополни дека СРС е единствената партија во земјата која може да го урне режимот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...