Ципрас ќе ги убедува сопартијците за оправданоста на реформите

Атина, 25 март 2015 (МИА) - По враќањето од официјалната посета на Германија, една од главните задачи на грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе биде да обезбеди поддршка од неговата партија за листата на реформи што ја составува Владата и се подготвува да им ја испрати на кредиторите, најверојатно до крајот на оваа недела, јави дописникот на МИА од Атина.

Весникот „Катимерини“ цитира извори, според кои, Ципрас лично ќе ги убедува членовите и пратениците на Сириза да го поддржат планот за реформи, со кој ќе се обезбедат финансии со кои Грција „треба да преживее до крајот на јуни“, кога Владата ќе мора да склучи нов договор со кредиторите.

Првата станица на премиерот е Политичкиот секретаријат на партијата, кој во наредните неколку дена се очекува да одржи состанок. Потоа ќе следува собир на парламентарната група на Сириза, каде Ципрас ќе се обиде да ги убеди 149-те пратеници на партијата да ги поддржат реформите, кога ќе дојдат до Парламентот.

Содржината на пакетот реформи се уште не е позната, но Владата е загрижена дека тој ќе содржи голем број на ставки кои нема да наидат на одобрување во Сириза. Меѓу нив е и задржување на спорниот ЕНФИА данок на имот за уште една година, иако е прилагоден така што тие со помали примања ќе плаќаат помалку, како и трудовите и пензиските реформи. Коалицијата веќе се обиде да ги отстрани евентуалните тензии за приватизацијата, со тврдење дека ќе се бараат само стратешки партнерства кои ќе и овозможат на државата да го задржи контролното мнозинство.

Во моментов најмногу несогласувања има околу тоа што планира Владата да прави со данокот на додадена вредност. Кредиторите сакаат да биде укинато посебното намалување на ДДВ од 30 отсто за островите. Заменик-министерот за финансии, Надја Валавани изјави дека една опција би било да се усвојат редовни стапки на ДДВ за најпопуларните острови, како што Санторини и Миконос.

Сепак, тоа е во спротивност со она што владини извори го тврдеа досега. Се претпоставува дека коалицијата ја испитува можноста за усвојување на заедничка за сите стапка ДДВ од 15 отсто, што значи дека некои производи ќе поевтинат а други ќе поскапат, но со можни исклучоци за некои основни продукти како што се лековите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...