Во операција на неколку европски земји разбиена мрежа за шверц на косовки граѓани

Хаг, 25 март 2015 (МИА) - Во полициска акција на неколку европски држави уапсени се дестина осомнични членови на мрежа, што извршила шверц на околу 10.000 граѓани на Косово во Западна Европа, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение на Европол.

Во операцијата учествувале околу 400 полицајци, кои извршиле 77 апсења во Австрија, Чешка, Франција, Германија, Унгарија, Словачка и Косово. Уапсените во најголем дел се косовски, чешки, српски, босански и македонски граѓани. 

Се верува дека мрежата минатата година извршила транспорт на околу 10.000 лица во Западна Европа, соопшти австриската полиција. Имигрантите требало да платат 2.800 евра по човек или 7.000 евра за семејство за илегално да бидат пренесни до Србија, а од таму во Унгарија, која е дел од Шенген зоната. Потоа лицата биле транспортирани кон западноевропските држави. 

Десетици илјади косовски граѓани, главно етнички Албанци, ја напуштија државата од декември минатата година со цел илегално да стигнат до ЕУ. Илјадници од нив побараа азил во Унгарија и други земји од ЕУ. 

Германија е една од главните дестинации на косовските имигранти, а по неа следат Швајцарија, Франција и Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...