Јункер го поздрави враќањето кон „нормален процес“ во преговорите меѓу Атина и ЕУ

Брисел, 25 март 2015 (МИА) - Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер го поздрави денеска враќањето кон „нормален процес“ во преговорите меѓу Атина и ЕУ за финансиски спас на Грција, што според него отвора пат за поволен резултат и за двете страни. 

- Морам да признам дека бев многу песимистички настроен во изминатите неколку недели, бидејќи немаше никаков напредок, но ние сега се вративме кон нормален процес, изјави Јункер во обраќање пред Европскиот парламент во Брисел. 

Јункер изрази уверување дека ќе биде постигнато решение, што ќе биде истовремено во корист и за Грција и за ЕУ. 

- Грчкиот премиер Алексис Ципрас е подготвен до крајот на неделата или до почетокот на идната недела да претстави дополнителни реформи, кои ги побара од него ЕУ, со цел да обезбеди финансиска помош за земјата, која се соочува со проблеми со ликвидноста, нагласи Јункер. 

Според Јункер, согласно постигнатиот договор меѓу Атина и еврозоната, списокот со реформи ќе биде разгледан најпрво од претставниците на меѓународните кредитори на Грција ЕУ, ММФ и ЕЦБ, пред да биде закажана средба на Еврогрупата за разгледување најдобар начин за постигнување на напредок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...