Србија е прва земја во Европа по стапка на смртност од рак

Белград, 26 март 2015 (МИА) -  Србија е прва држава во Европа по стапка на смртност од канцер, а годишно оваа стапка се зголемува просечно за 2,5 отсто, што покажува дека проблемот со малигните тумори е многу сериозен во оваа земја, изјави онкологот Слободан Чикариќ, претседател на српското Здружение за борба против рак.

Тој истакна дека причина за се поголемиот број на заболени и починати од малигни тумори е последица на НАТО борбардирањата во кои биле употребени 15 тони осиромашен ураниум. Врз основа на извештајот од Регистарот за рак при Инситутот за јавно здравство „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ за движењето на малигните тумори во 2012 година, вкупниот број на новозаболени изнесувал 36.408, додека починати биле 21.269 лица.

Според извештајот, кај машката популација доминира ракот на бели дробови, додека кај жените најчеста причина за смртност е ракот на дојка.

Чикариќ истакнува дека се уште нема податоци за 2014 година, но може да се очекува дека бројот на новозаболените е 40 илјади, имајќи го предвид годишниот раст на стапката на смртност.

Во февруари минатата година Светската здравствена организација изнесе податоци за движењето на малигните тумори во светот, според кои во 2014 година се очекуваат 14 милиони новозаболени во светот, а во 2034 година се очекуваат 24 милиони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...