Могерини: Директните контакти на косовскиот и српскиот премиер се позитивен чекор

Приштина, 26 март 2015 (МИА) - Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска во Приштина изјави дека договорите постигнати во рамките на дијалогот со Белград треба да се применат во пракса.

- Самиот факт дека косовскиот премиер Иса Мустафа има директен контакт со српскиот премиер Александар Вучиќ е позитивен чекор во таа смисла, истакна Могерини на заедничката прес-конференција со Мустафа.

Таа посочи дека и покрај постигнатиот напредок, има уште многу задачи за решавање.

- Примената на договореното е најтешко, наведе Могерини, при тоа додавајќи оти се надева дека дијалогот Белград-Приштина, што се води со посредство на ЕУ, ќе продолжи.

Таа истакна и дека очекува косовскиот Парламент да изгласа формирање на Специјален суд за воени злосторства во Косово.

Високата претставничка на ЕУ потенцира дека оваа година ќе биде важна за Косово и оти најверојатно Приштина в лето ќе потпише со ЕУ, Договор за стабилизација и асоцијација.

Мустафа посочи дека Приштина сака „посилно присуство на Косово во ЕУ и посилно присуства на ЕУ во Косово“.

Могерини утре ќе го посети Белград каде е предвидено да се сретне со српскиот претседател Томислав Николиќ, со премиерот Вучиќ и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...