Грчки пратеници против национализмот во армијата

Атина, 27 март 2015 (МИА) - Пратеници на Сириза и ПАСОК остро го осудија националистичкото скандирање на специјалните единици на грчката Воена морнарица на парадата на 25 март по повод Денот на независноста на Грција, јави дописникот на МИА од Атина.

За време на парадата, единиците на Норнарицата извикуваа неколку од нивните слогани, но еден од нив предизвика остри реакции од страна на повеќе пратеници.

- Нашиот сон е да влеземе во Константинопол, да го кренеме нашето знаме и да ја пееме нашата национална химна, извикуваа војниците по што неколку политичари побараа Командата на армијата и Министерството за одбрана да преземат дисциплински мерки.

Пратеникот на Сириза, Димитрис Пападимулис на својот профил на Твитер напиша дека нациоанлистичкото скандирање на војниците е во спротивност со надворешната политика на земјата.

- Владата има обврска да стави крај на тоа, нагласи тој.

Неговиот колега Василики Катривану на Фејсбук напиша дека слоганите на парадата биле директна провокација против демократијата.

- Незамисливо е чинот да остане неказнет... Тоа е потсетник дека армијата треба да биде исчистена од овие фашистички и екстремно десничарската клетки кои се уште се силни. Тие (уште еднаш) се хранат со неказнивост, напиша Катривану.

Опозициската ПАСОК го обвини министерот за одбрана Панос Каменос за провокативни изјави во врска со надворешната политика.

- Специјалните единици на Воената морнарица извикуваа слогани кои ги оспоруваат постоечките национални граници. Но, кога министерот за одбрана е толку неодговорен, што друго може да се очекува? Игнорантскиот министер, и претседател на Независни Грци, се закани дека ќе пушти џихадисти во Европа... Сириза слепо го следи по патот во бездна, соопшти опозициската партија.

Засега нема официјална реакција од страна на Турција.

Извикувањето антимакедонски, антитурски, расистички и фашистички пароли на воените паради во Грција не е новост. Тоа се случува со години, но досега не е познато дека некој е казнет за ваквото однесување. Национализмот во одредени единици во грчката армија го толерираат и институциите во Брисел, со оглед на тоа што досега не е упатена официјална реакција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...