Новинар на „Данас“ ја тужи Владата на Србија

Белград, 27 март 2015 (МИА) - Новинар на весникот Данас поднесе тужба во Управен суд бидејќи Владата на Србија не доставила одговори колку нови луѓе се вработени во јавниот сектор лани, и покрај забраната за вработување до 2016 година.

Како што наведува весникот, тужбата е поднесена вчера бидејќи претходно Владата на Србија не одговорила на две барања за пристап до информации од јавно значење испратени од Данас на 22 октомври 2014 година и од 10 февруари оваа година.

Весникот потсетува дека и во почетокот на декември Собранието на Србија, како и во декември 2013 година,  усвоило забрана за вработување во јавниот сектор до 31 декември 2015 година.

Првично, медиумот побарал од Министерството за финансии податоци за вработувањата, но оттаму во повторно барање им одговориле дека немаат податоци и дека треба да се обратат до Владата на Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...