Се надевам дека до крајот на годинава Црна Гора ќе биде во НАТО

Софија, 27 март 2015 (МИА) - Се надевам дека со наша и поддршка на партнерите, до крајот на годинава Црна Гора ќе биде во НАТО. Тоа е исклучително важно за регионот, бидејќи мирот на Балканот ќе дојде кога сите ќе бидеме во ЕУ и НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на прес-конференција по средбата со црногорскиот колега Мило Ѓукановиќ.

Борисов изрази увереност дека Црна Гора е подготвена за тоа членство и треба да добие поддршка.

Тој истакна дека за време на денешните разговори биле разгледани прашања од заеднички интерес, меѓу кои во областа на културата, туризмот, енергетиката и инфраструктурата.

Ѓукановиќ, кој се наоѓа во официјална посета на Софија, му се заблагодари на својот домаќин за поканата и за пријателските и охрабрувачки зборови кон неговата земја.

Црногорскиот премиер изрази увереност дека на регионот му е потребна стабилност, преку која полесно ќе се постигне економски и демократски развој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...