Анастасиадис: Владата продолжува да работи на решавање на кипарскиот проблемНикозија, 29 март 2015 (МИА) - Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис изјави дека Владата продолжува одлучно да работи на решавање на проблемот со поделениот Остров.
- Неопходно е изнаоѓање на мирно решение за проблемот, што ќе дозволи формирање на современа европска држава. Сето тоа треба да биде направено во согласност со безбедноста и демократијата, почитувајќи ги човековите права, посочи Анастасиадис.
Киапр е поделен во 1974 година, кога Турција го окупира северниот дел на Островот по државниот удар на кипарските грчки националисти, поддржани од Атина, со цел да се припои кон Грција. Во 1983 година прогласена е Турска република Северен Кипар, што е признаена само од Анкара.
|