САД и ЕУ со критики до турскиот закон за внатрешна безбедност

Анкара, 30 март 2015 (МИА) - САД и Европската унија упатија критики кон законот за внатрешна безбедност, кој кон крајот на минатата недела беше усвоен во турскиот Парламент, а кој од опозицијата беше означен како „убиец на слободата“. 

Првата реакција дојде од портпаролот на Стејт департментот Џеф Ратке, кој ги изнесе стравувањата на Вашингтон од законот и предупреди дека „препреките пред основните слободи не ги зајакнуваат, туку ги ослабуваат демократските општества“. 

- Се солидаризираме со загриженоста на невладините организации во врска со Законот за внатрешна безбедност, истакна Ратке. 

Загрижеост изрази и Европската унија. Портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич изјави дека законските измени не се усогласени со Комисијата.

Таа посочи дека целта на зголемувањето на внатрешната безбедност за граѓаните треба да се реализира со стриктно почитување на светските права и слободи и европските стандарди. 

Турскиот Парламент усвои на 27 март скратена верзија на противречниот закон. Законот содржи спорни мерки, меѓу кои полицијата да може да извршува претреси, апсења или прислушувања на телефонски разговори врз основа на „обични сомневања“ и да ги задржува осомничените во притвор до 48 часа, наместо сегашните 24 часа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...