Партијата на Чамите влегува во албанската Влада

Тирана, 31 март 2015 (МИА) – Партијата на Чамите, Партија за правда, интеграција и единство, чиј лидер е Шпетим Идризи го финализираше договорот со владејачката Социјалистичка партија и станува дел од албанската владина коалција, јави дописникот на МИА од Тирана.

Со договорот на кој свои потписи ставија Идризи и Еди Рама, по четирисет минутната средба вчера доцна попладне, партиите договорија заедно да настапат и на локалните избори закажани за 21 јуни годинава.

- Партијата за правда, интеграција и единство е многу значаен партнер. Засега нема конкретни имиња, но оваа партија ќе има свои кандидати каде што влијанието на партијата е поголемо, изјави Рама.

Идризи оцени дека соработката со Социјалистичката партија е  програмирана и за да се зголеми застапеноста на партијата во инститциите.

Засега точно не се знаат функциите кои ќе ги добие оваа партија во бласта.

Кон оваа изборна коалиција се приклучи и партијата на Илир Мета, Движење за социјалистичка интеграција, додека партиите, на поранешниот шеф на дипломатијата Паскал Миљо и екс претседателот на парламентот Скендер Ѓонуши, кои беа дел од изборната коалиција од претходните ибори се надвор од коалицијата. Според медиумите, наместо ним, Рама  и понудил соработка за локалните избори на партијата на поранешнот шеф на државата, Бамир Топи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...