Го користат Шешељ за да не казнат

Белград, 31 март 2015 (МИА) - Секоја одлука што ќе ја носиме, а таа нема да биде неморална како што се сите политички одлуки на Хашкиот трибунал, ќе има за цел само едно - зачувување на стабилноста во нашата Србија и ништо повеќе, пишува во авторскиот текст за денешна „Политика“ српскиот премиер  Александар Вучиќ, по повод одлуката на Хашкиот трибунал да го врати лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, во Хаг.

- Вака или онака, Србија има само една, голема и важна обврска, а тоа е да ја зачува стабилноста, да обезбеди продолжување на економските реформи и почитување на политичките слободи, нагласи Вучиќ.

- Пред само неколку месеци, на многумина на кои не им се допадна изборниот резултат, како ни политичката доминација на Српската напредна партија, тргнаа во жестока кампања на ширење страв од враќањето на Шешељ од Хаг, објасни Вучиќ.

Зборуваа, нагласи премиерот: ќе ја напуштиме Владата штом слета на аеродромот. Се чини дека некој негде погрешно се пресметал дека Воислав Шешељ е фактор кој може мене и Владата да не растресе, па, согласно тоа, почна да го користи како страшило од кутија“.

Кога не им се допаѓа тоа што Србија го прави, што има свој став, што нема на копче да воведува санкции, што сака со сите да биде пријател, а не непријател, тие го пуштаат од кутијата: и чекаат ние да се престрашиме. Кога чекањето ќе им се оддолжи, а ние ќе продолжиме, без страв, да спроведуваме суверена политика, кога само ќе излезам и ќе кажам дека нема да заборавиме, никогаш, ниту една од жртвите на НАТО бомбардирањата, тие го враќаат во кутијата и повторно чекаат ние да умреме од страв, продолжи Вучиќ.

- Тука нема ниту право, ниту правда, а, за жал, го нема ни Воислав Шешељ. Има само погрешни обиди да се казни Владата на Србија и нејзината политика, оцени Вучиќ.

„Велам погрешни затоа што одамна отворено кажав дека немам намера да бидам пречка за Србија. Ни на нејзиниот пат кон Европа, ниту во односите со светот. И ако некој мисли дека јас сум пречката, нека тоа само јасно го соопшти, не мора да се служи со евтини трикови“, пишува српскиот премиер во авторскиот текст во „Политика“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...